Независните пратеници бараат оставка од Мицкоски

Независната пратеничка група бара оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната најава дека ќе поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО, со одложено дејство.

Велат дека, лицемерието на Христијан Мицкоски го достигнува зенитот, со креирање на слика дека НАТО му е многу важно.

Мицкоски одговори дека ќе го стави нивното барање на дневен ред пред Извршниот одбор во среда.

Останува на ставот дека, протоколот треба да се ратификува со одложено дејство, по примерот на Црна гора, што го ратификуваше пред тоа да го стори САД. Тој, пак, го смета за лицемерно одбивањето на СДСМ да ја поддржат иницијативата.

Наместо одговор, портпаролот на СДСМ, на фејсбук го праша Мицкоски, под кое име на државата ќе ја поднесе иницијативата и зошто не го поддржат законот за одбрана каде што практично се регулира нашето НАТО членство.

Од партијата најавија дека нема да поддржат никаква иницијатива се` додека протоколот за НАТО не се ратификува во шпанскиот парламент.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ