Независниот синдикат на полицијата на протест, бараат повисоки плати

Нов Колективен договор за полицијата и за шумската полиција, подобри услови за работа и зголемување на платите за 25%, со буџетот за 2020 година. Ова го бара Независниот полициски синдикат во кој влегуваат и судската, затворската и шумската  полиција . Тие се револтирани од игнорантскиот однос на надлежните институции . Бараат да престанат притисоците кон нив поради јавно искажаните ставови

  • Не сме задоволни од нашите примања. Не сме задоволни од последната распределба на буџетот, каде што ние бевме единствените кои не бевме предвидени за покачување. Второто наше барање е Колективниот договор , кој со последните измени, иако веќе неважечки, мораме да го следиме зашто таква е ставката и ни наштети многу како полицајци и финансиски и како полицајци, изјави Николче Кирковски- претседател на Синдикална организација на НСП-Битола
  • Состојбите внатре во МВР јавно укажувавме и ќе повторам дека се хаотични во однос на немањето работни униформи, во однос на постапките против вработените синдикални претставници, кои се зголемија со притисоци, со мобинг поради нашите излагања на нашите барања, вели Дејан Саздов- Портпарол на НСП

Со возила, развеани знамиња и вклучени сирени , полицајците обезбедувани од свои колеги  кои не протестираа, дојдоа до Собранието, каде кратко протестираа и продолжија пред Министерството за правда.

  • Револтот е поради нерегулирањето на подзаконските акти. До сега, од 20 подзаконски акти, само еден е донесен, изјави Зоран Ристевски- претседател на независен синдикат на затворската полиција и администрација

На состанокот во Министетството за правда Синдикатот добил уверување дека во текот на идната  недела ќе одржат состанок, за да до крајот на месецот им бидат исполнети барањата. За судската полиција треба да биде изготвен нов правилник за додаток на плата за висок ризик, а за затворската полиција ќе се разгледаат разликите околу подзаконските акти и околу Колективниот договор. Протестот заврши пред Владата со барања до  министерката за финансии

  • Министерката за финансии да смогне сили да не израмни со одредени проценти, како што направи кон одредени буџетари во Републиката за наредната 2020 година и да ја зголемат платата на полициските службеници, порача Гоце Делчен Тодев-претседател на НСП

ОД МВР одговараат дека од декември  2018, платите во полицијата се зголемени, а од септември годинава добиле и дополнителни 5%. И дека се обезбедени над 100 милиони денари за  полициските униформи . За шумаската полиција, ресорното  Министерство вели дека кај нив се уште не стигнала усогласена верзија за предлог текстот за Колективен договор од УПОЗ и од НСП. А за судската полиција, Управата за извршување санкции  информира дека работи на подзаконските акти за нов Колективен договор. 

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ