Независниот синдикат на полицијата бара Министерот Спасовски да ги признае како репрезентативен синдикат во МВР

Независниот полициски синдикат ќе бара правна разврска доколку министерот Спасовски не го признае како репрезентативен синдикат во министерството.

За ова ќе го известат Народниот правобранител, но и Високиот претставник на Европската Унија и Советот на Европа, во пресрет на извештајот од кој зависи стартот на преговорите со Унијата.

Обвинија и дека дека граничната полиција се наоѓа во катастрофална состојба, со расипани возила, дотраени униформи, и дека се користи оружје исфрлено од употреба по насоките на ЕУ. Од МВР  демантираат, велат  информациите на синдикатот се тенденциозни.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ