
Независниот полицискиот синдикат ќе ги „грее“ скопските полицајци со греалки
Независниот полициски синдикат ќе донира панел-греалки во сите 15 полициски станици во СВР Скопје. Донацијата е наменета за простории во полициските станици каде нема греење, како и за чуварници. Греењето е голем проблем и за дежурните полицајци затоа што иако скопските станици се покриени со градско парно, тоа е пуштено само до 22 часот. Првата греалка синдикалците ја донираа во станицата Беко.