
Независниот полициски синдикат бара заштитна опрема и прераспределување нов кадар за вонредната состојба
Недостасува заштитна опрема и маски за полицајците, реагираат од Независниот полициски синдикат. Тие апелираат сите оние што имаат да им дадат зашто залихите со кои располагале веќе ги потрошиле, распоредувајќи ги по полициските станици низ Скопје, текот на викендот.
Од Синдикатот бараат од МВР и Владата, да одобрат распоредување на нов и неопходен полициски кадар од приправниците кои завршиле курс за полицајци, пред се за обиколките за контрола на полицискиот час.