
Независниот градежен синдикат бара безбедни градилишта
На 50-тина метри од владата има градилиште, но тоа според претставниците на независниот синдикат е недоволно заштитено согласно законот за безбедност при работа. Иако министрите пред секоја владина седница, а премиерот секојдневно поминуваат покрај ова зграда- нема реакција од надлежните кои ги повикува независниот синдикат да преземат мерки, не само на конкретното градилиште туку и на сите во државата.
Лани починале 33-ца работници, а 8-мина од нив биле градежници. Независниот синдикат барал соработка со градежните инспектори за подобра безбедност но биле одбиени, а откако го добиле одговорот од надлежните се случи трагичната смрт на двајца браќа во Чаир.
Независниот синдикат на градежници смета дека државата мора многу построго да ги контролира градилиштата за да ги заштити работниците, кои пак многу често сами прифаќаат да работат во несоодветни услови. Заедно со работничката партија независниот градежен синдикат бара владата да го промени системот, да утврди минимална сатнина и да се грижи за работничките права затоа што истото ќе го бара и Европската Унија во претстојните преговори за членство.
Миомир Серафиновиќ