
Независната пратеничка група го канат Христијан Мицковски на телевизиска дебата
Членовите на независната пратеничка група што произлезе од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го канат лидерот на партијата Христијан Мицковски на телевизиска дебата за за да ги расчистат сите дилеми мегу кои и обвинувањата за платени пратеници.
-Христијан дали ти знаеш дека оние кои сега ти се во врвот на листите се тие кои барале „голема заштита и надохнада“? Тие ќе беа први да имаше плаќање. Многу е тешко Христијан да знаеш дека си на продажба. На таквите им е тешко да сфатат преземање одговорност. Затоа и се најгласни, а толку тажни. Доколку се толку храбри нека дојдат да се соочиме пред целата јавност. Бидејќи тастатурата трпи се, пишува во отворено писмо до лидерот на партијата
Полемизирајки со дел од неговите вчерашните ставови во интервјуто на ТВ 24 го потсетуваат Мицковски дека во статутот на ВМРО-ДПМНЕ посебен акцент е ставен на членството во ЕУ и во НАТО и оценуваат дека тој скршнал од таа насока но и дека со искажаните ставови покажал дезориентираност карактеристична на човек кој бега од одговорност“,
-„Христијан, ти пред целата меѓународна заедница имаш став дека договорот со Грција е реалност, имаш ‘цврст’ став пред јавноста дека ќе пробаш да направиш промени, имаш ‘цврст’ став пред членството дека нема државата да ја викаш под уставното име Република Северна Македонија додека во ЕПП широкоградо го прифаќаш, пишуваат пратнеиците
Во писмото посочуваат дека законот за јавно обвинителство е поздравен во извештјаот за напредокот на државата, потоа се сомневаат во тврдењето дека не знаел за парадат од 80 полициски возила, смешни ги наркеуваат тврдењата за отсјајот кога се гледаат ракавиците на неговите телохрнаитлеи, но и му посочуваат дека нема теретана која е празна, во 10:30 ни лани, ни во октомври, најмалку сега.
-Како се злоупотребени некои луѓе ќе станат свесни наскоро. Тој ден кога ќе си одиш од позицијата за која немаш храброст да ја извршуваш. Ниту претседател на партија, ниту премиер не е функција само за добро и лесно, пишуваа поранешните сопратијци.