Независна Антикорупциска комисија со поголеми плати за вработените

Независна Антикорупциска комисија со поголеми плати за вработените. Секеретаријатот на Комисијата побара стимул за службите затоа што сметаат дека само на тој начин ќе се заштитат од партиските притисоци и влијанија. Нивните забелешки беа подржани од пратениците и заменик министерот за правда на јавната расправа што се одржа за Предлог законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Со новиот закон  Антикорупциската комисија треба да ја засили контролата на финасирањето на политичките партии а функционерите ќе бидат должни да ја пријавуваат секоја промена  на имотната состајба.Владата вети  дека никогаш повеќе нема да се повтори ситуацијата со поранешните антикорупционери и нивното скандалозно работење.Довербата и интегритетот на  Комисијата може да се врати само со именување на професионални кадри.

Забелешките од јавната расправа ќе бидта земени предвид при изготвувањето на конечната верзија на законот.

 

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ