
Незадоволство кај поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Дел од поранешните функционери, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни од изборот на професорката Гордана Силјановска-Давкова за претседателски кандидат. Со надеж дека партиското раководство знае што прави, изборот го сметаат за „чуден“.
Ристовски вели дека во случај на неуспех, раководството на партијата и на изборниот штаб треба да понесат одговорност. Потсетува дека во партијата има таква традиција и дека тој како прв човек на Изборниот штаб, лично ја презел одговорноста за неуспехот на локалните избори 2017-та.
Ден по партиската конвенција, екс градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, упати отворено писмо до лидерот Христијан Мицкоски. Му испрати две пораки: да го обедини членството ако сака успех на изборите и да поднесе оставка доколку ги изгуби.
Во ВМРО-ДПМНЕ се уверени во победа. „Најдобар показател и демант за она што го говорат ќе бидат резултатите од изборите“, се вели во партиското соопштение.
Соња Николовска