
Невремето направи пустош и во Преспа
Невремето кое синоќа половина час корнеше дрвја, бандери и покриви од куќи во Преспа направи голема штета посебно во селата Наколец, Крани, Долно Дупени Штрбово и Љубојно. Децата кои летуваат во автокампот Крани ќе бидат вратени дома пред време, бидејќи таму веќе нема услови за престој, изјави за Телма, градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.
Тој вели дека утринава механизацијата ги расчистува патиштата, но нема застој на сообраќајот на патот кон Маркова Нога, бидејќи таму уште синоќа се интервенираше. Се очекува министерот за земјоделство Трајан Димковски и за внатрешни Оливер Спасовски да ги посетат местата погодени од синоќешното невреме.