Невладините се против шефот на новото СЈО да го предлагаат политичари

Предметите на СЈО мора да се процесуираат и да добијат завршница, СЈО треба да продолжи да фунцкионира во рамки на редовното обвинителство. Итно да се донесе закон за ЈО но со него не смее да се исклучи употребата на бомбите за тоа одлучуваат судиите што ги водат предметите предлагаат невладините што следат правосудни реформи.

Обидот на власта да се обединат во еден закон предлози на владата опозцијата и невладините го сметаат за несоодветен хибрид.

Потенцираат и дека имаат дијаметрално спротиставени ставови со ВМРО- ДПМНЕ кои предлагаат шефот на евентуално новото одделение да го предлага опозицијата

– За нас е категоричен ставот дека политичките решенија од минатото не би требало да бидат пракса и во иднина. Тие се покажаа како лоши и несоодветни решенија и сметаме дека профеаионализацијата на оваа инатитуција е повеќе од битна и доволно е што само државниот јавен обвинител доаѓа како политички предлог, меѓутоа останатите шефови на обвинителствата и одделенијата треба да се предмет на избор на Советот на јавни обвинители, изјави Петровска

За трансферот на предмети од специјалното во редовното обвинителство, невладините не сакаа да коментираат додека евентуално не почне процесот,  но потенцираат дека треба внимателно да се постапува особено од аспект на обезбедување на материјалите и предметите 

Од блупринт групата сметаат и дека кредибилитетот на СЈО не треба да се поистоветува со Катица Јанева бидејќи во тоа обвинителство има многу професионалци и дека станува збор за институција со изградени капацитети и ресурси

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ