
Невладините порачаа гасоводот да не поминува низ Водно бидејќи штетата за шумата е ненадоместлива
Зелените активисти повторно порачаа = силно „да“ за гасовод, но не тој да поминува низ Водно.
Ќе се сече шума на Водно, во должина колку целиот булевар Партизански одреди, од Центар до Влае, сликовито објаснија невладините.
Посочија дека изградбата на трасата со која Тетово и Гостивар ќе добијат гасификација е започната лани, а нема сега да почнува како што објавија властите.
„Воопшто не е вистина дека теренот ќе се врати во првобитна состојба и дека после неколку месеци нема да се препознае местото каде поминува гасоводот. Трасата не смее да се пошумува. По којзнае кој пат да повториме, мора да остане гола за пристап на возила и за да не се оштети самиот гасовод од корењата на дрвата. Загадувањето нема да се намали во Скопје, со изградба на овој гасовод низ Водно. Доколку семејното насилство можеме да го конципираме како некаков вид на љубов, тогаш претставниците на МЕР, Владата и Град Скопје – навистина го сакаат Водно“, вели Андреа Јанков од иницијативата „Го сакам Водно“.
Активистите на прес-конференција пред Владата побараа и да се разгледаат можните алтернативни решенија за трасата. Велат, деградирани пасишта и ниви повеќе одговараат за таа цел, отколку заштитена парк шума.
„Да кажат со податоци, до каде се проектите, тендерите за изградба на овие мрежи, финансиите одвоени за гасификација во секој град. Додека се изградат тие, алтернативната траса надвор од Водно ќе се изгради сигурно. Алтернативна траса надвор од Водно има“, вели Татјана Стојановска.
Синоќа, скопскиот градоначалник Петре Шилегов вети дека ќе се потрошат 700 000 евра за обновување на парк-шумата, по изградбата на гасоводт.
Магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар е со вкупна должина од 86 километри. Ццелиот проект е проценет на 30 милиони евра.
Петар Догов