
Невладини и судии се незадoволни што Mинистерството за правда планира судскиот совет да остане по старо
Невладини и судии се незадoволни што Mинистерството за правда планира наместо да го депрофесионализира- судскиот совет да остане по старо. Од здружението на судии велат концептот за непрофесионален судски совет според кој, членови на советот од редот на судиите паралелно и ќе ги вршат и судиските обврски, е подобар и има повеќе предности. Одлуката на правда за професинален состав е велат е спротивна на стратегијата за правосудството која беше усогласена и со Брисел.
Во стратегијата за реформа на правосудство стои:
„Заради оневозможување на прекин на врската помеѓу членот на СС од редот на судиите и „судската фела“ потребно е за членовите насудски совет од редот на судиите да се предвиди законски основ да продолжат да ја вршат својата примарна функција односно да продолжат да судат но со намален обем на работа (депрофесионалзиција на Судски совет). Истото решение потребно е да се примени и за останатите членови на Судскиот совет со исклучок на неговиот претседател.
За премислувањето околу оваа важна судска реформа, Министерката за правда вели депрофесионализација на судскиот совет би се судрила со Уставот. Во него вршење на судска функција е неспоиво со друга јавна функција или професија, вели Десковска
Саити смета дека не е противуставно и предлага да се состане катедрата за уставно право и да даде аргументиран одговор на ова прашање. Поранешната судијка во стразбур Цаца Николовска вели нема функциите судија и член на судкси совет. Според неа депрофесинализацијата е за пофикасен на судскиот совет. Реформите и законските измени ќе ги преживеат и старите членови на советот меѓу кои и претседателот на судскиот совет Караџовски чиј мандат како член истекува во 2020. Ова за невладините нема логика.
Министерката вели законот на крај ќе се моделира според мислењето на венецијанската комисија.
Елена Ивановска Мукоска