
Невакцинираните дечиња трета недела надвор од училишните клупи
Битката дали да се запишуват деца кои немаат вакцинален картони со потврда за примена МРП вакцина или дали ќе мора да ја примат за да станат првооделенци, наместо во клупа скоро цел месец ги остави дома . Изминува и третата недела откако започна школската година , но наделжените не ја знаат точната бројка на невакцинирани. Родителите кои решија да не ги вакцинираат своите деца, не отстапуваат од својата одлука, велат дека тоа што нивните деца седат дома е дискриминација.
Група на родители чии деца не се запишаа на училиште затоа што не се вакцинирани, веќе поднеле тужба поради кршење на уставното право за задолжително образование против министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.
Адвокатот Звонко Давидовиќ , кои ги застапува, во телефонски разговор ни кажа дека сите деца треба да бидат во училиште додека судот не донесе одлука. Вели дека здравство нема право да се меша во делот на образованието и затоа покрај тужбата до обвинителството поднеле и кривични пријави против министрите Филипче и Адеми како и директори на училишта поради злоупотреба на службената должност.
Министерот за здравство јавно ја прифати поканата за присуство на конференцијата за вакцинација од родителите на овие деца и невладините организации, која треба да се одржио викендов.
Државниот просветен инпекторат , ни одговори дека тие немаат законска обврска да го следат процентот на деца кои се вакцинирани, но училиштатат имаат обврска при упис на децата да побараат и вакцинален картон.
Податоци за деца кои имаат обврска, а нередовно или воопшто непосетуваат настава во текот на целата учебна година добиваме од училиштата. По добивањето на овие податоци водиме постапка против родителот или старателот. По завршувањето на целокупната постапка, едукација на родителите, како последна мерка, ако со претходните не се оствари правото на детето, на годишна основа поднесуваме просечно по околу двеста поднесоци до надлежен суд против родители чии деца не се запишани или нередовно посетуваат настава во основното или средното образование.
Новозаболени од морбили нема, здравствените власти се задоволни со опсегот на вакцинација досега и тврдат дека е зголемен колективниот имунитет. Последен случај на зараза од овој вирус беше пред 2 недели. Петте деца кои се заразија не се вакцинирани.
Теодора Цветковска