
Неуспешен обид да се отстранат педалинките од струшките плажи
Неуспешен обид имаше денеска да се отстранат педалинките од струшките плажи. Комунални инспектори со полициска аистенција се обидоа да го спроведат налогот издаден лично од градоначалникот Мерко, но сопствениците ги повлекоа педалинките во вода, по што тракторите на јавното комунално претпријатие, заедно со инспекторите и полицијата се повлекоа.
Сопствениците на педалинки тврдат дека инспекторстот не ги почитува одлуките на советот, кој на последната седница не го прифати барањето на локалната самоуправа за забрана за користење на овие средства за рекреација на струшките плажина, кои инаку според законот се водат како урбана опрема. Тие обвинија дека добиваат и сериозни закани и стравуваат не само за педалинките од ки егзистираат, туку и за себе.
Градоначалникот Мерко ги отфрла обвинувањата и најавува дека и оваа година нема да има педалинки на струшките плажи. И тој тврди дека дека до оптшината не пристигнало ниту едно барање за добивање дозвола за работа, но и да поднесат нема да им биде издадена, затоа што овие пловни објекти не се безбедни, а при несреќа сопствениците избегнуваат одговорност. Државата на почетокот на годината најави преземање на ингеренциите над плажите на Охридско – струшката ривиера, како и нов закон со кој ќе се уредува оваа сфера, кој се уште е во собраниска процедура, што значи дека и ова лето, трета година по ред плажите и другите содржини на крајбр ежјето ќе функционираат без концесии.
Горан Момировски