Нервоза меѓу обвинетите за „крвавиот четврток“

Расте тензијата меѓу обвинетите во најголемиот процес поврзан во крвавиот четврток. Додека едни викаат сведоци во своја одбрана, други прашуваат прашања кои не одат во прилог на првите, но велат во име на вистината. Денеска сведочеше Отец Пимен кој за обвинетиот Богдан Илиевски Бетмен рече дека е негово духовно чедо. Како духовна тајна го зачува одговорот на прашањето кое му го постави Александар василевски Нинџа за тоа Зошто бетмен од 2016 почнал да ги поддржува политиките на ВМРО ДПМНЕ. Сепак Пимен одговори дека Илиевски со чисто срце влегол  во движењето  За заедничка Македонија, не земал пари за тоа ниту пак ја користел за напредок во кариерата.

И додека денеска и останатите сведоци на Илиевски сведочеа дека протестите имале искрени намери за зачувување на државотворноста без насилство, километар и пол подалеку од судот веќе се крои законот за амнестија. Јасно е дека ќе биде селективен, но се лицитира со тоа кој ќе биде помилуван кој не. И адвокатите и обвинетите сметаат дека додека не се донесе, медиумите не треба да калкулираат со имиња.

На судењето за терористичко загрозување на уставниот поредок сите сведоци веќе се ислушани, а утре продолжува со материјани докази. Од следната недела ќе следуваат и завршни зборови со што ова судење ќе се најде во завршна фаза од постапката.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ