Зошто е нерешено убиство на Дилавер Бојку Леку?

Го видов убиецот и сето тоа веднаш го кажав во полиција, но тој ден по убиството заминал за Швајцарија- ова е тврдењето на синот на Дилавер Бојку Леку, кој пред 14 месеци беше ликвидиран во свој угостителски објект. Децата на Леку очекуваат конечно истрагата да проработи и да донесе резултати. КОД истражуваше како е дојден убиецот до местото каде го убил познатиот балкански бос Бојку и зошто возило мерцедес воопшто не било опфатено на почетокот на истрагата.

Нерешеното убиство на Дилавер Бојку Леку беше едно од прашањата за кое екипата на КОД постави прашања до МВР уште минатата недела, додека го истражувавме и реконструиравме двојното убиство на Рузвелтова. Претходно од еден полициски функционер слушнавме неофицијална информација дека убиецот е откриен и дека е во Швајцарија, а најверојатно има распишано и потерница по него. Проверките на оваа информација не донесоа официјална потврда.

Но иако немаше одговор, добивме повеќе повици-луѓето дознале дека имаме информации, дека се распрашуваме и се интересираа што знаеме. На ист начин и со иста цел до нас стигнаа повиците и на семејството на Бојку. И тие на некој начин дознале дека КОД го истражува случајот со убиството на 58-годишниот Леку.  Договоривме средба, а патот не одведе во Струга, каде лани во август пред 14 месеци беше извршена ликвидацијата на медиумски експонираниот балкански бос на проституцијата. На патот кон езерото добивме и суптилни пораки и совети дека треба да се внимава на случајот и дека полицијата треба да се прашува за истрагата, а не роднини или евентуални сведоци.

КОД истражуваше како е дојден убиецот до местото каде го убил познатиот бос Бојку и зошто возило мерцедес воопшто не било опфатено на почетокот на истрагата. Какви мотиви се кријат зад убиството на Дилавер Бојку, кого медиумите го нарекуваа балкански бос откако неговото име поради трговија со луѓе во родното Велешта на својата црна листа го стави и американската влада. Полицијата и обвинителството само кратко одговараат дека истрагата се води, но конкретни резултати и сознанија не соопштуваат. Во Струга беше Миомир Серафиновиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...