КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД:

Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе припадници на посебните единици на МВР кои се дополнително обезбедување на затворот. Човекот во приквечерието приоѓа на пријавницата на затворот и на чуварите им се пријавува, јас сум Филип Секуловски. Секуловски познат како Кобра е бегалец, а неговата фотографија ја има на сајтот на МВР затоа што по него е распишана меѓународна потерница.

Но тој не се враќа во Шутка за во притвор иако сигурно знае зошто го бара македонската полиција. Секуловски е осомничен за убиството извршено во ноември 2017-та во скопски Аеродром, кога пред зградата во која живее е застрелан Мартин Јанушев. Секуловски го носи прекарот Кобра и дента кога е извршено убиството тој истото утро добил затворски викенд, издржувал казна за дрога. Убиството се случува попладне, а Секуловски не се враќа назад во Шутка туку бега. Тоа беше на 3-ти ноември, 2017-та. И бегството траеше повеќе од 23 месеци.

Долгиот затворски викенд Секуловски го заврши во понеделникот. Се појавил во Шутка и им се претставил на чуварите. Но не можел да потврди дека е Филип осуденикот и Филип осомничениот за убиство. Немал лична карта. Од затворот го прибрале, па веднаш повикале полиција.

Полицајците во цивил дошле во Шутка и го собрале во полициска кола, по што Секуловски е однесен во станица. Преку отпечатоци на прсти му е утврден идентитетот и полицијата го враќа назад во Шутка. Но не оди во затвор туку во притворскиот дел каде се наоѓа и сега. Притвор му беше определен откако му беше поднесена кривична пријава за убиството во Аеродром.

Врвот на МВР не открива ниту директно признава дека Секуловски сам се предал.

Го има на потерници, го бара полицијата, ставен е и во меѓународни потраги, но Кобрата, Секуловски осомничениот успева да стигне до затворот, што е многу непријатно за надлежните.

-Непријатно е затоа што можело да се случи, обвинетиот да стигнеи во обвинителство и сам да бара да оди на распит, истакнува поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски.

Истрагата за убиството бара уште едно лице, Трајковски Раде. За него е распишана меѓународна потерница по пресудени 6 месеци затвор за тешки телесни повреди,аполицијата смета дека со информации може да ја помогне истрагата.

Мотивот за убиството на Мартин Јанушев се уште не е откриен иако се спомнуваше долгови, дрога, обезбедување на дискотеки, убава девојка. Не е соопштено ниту дали е најдено оружјето со кое е извршено убиството.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД открива: Во телефонот на Боки 13, Јанева со 50 илјади евра

КОД дојде до информација дека дел од парите се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски. Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се...