КОД открива: Во телефонот на Боки 13, Јанева со 50 илјади евра

КОД дојде до информација дека дел од парите се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски. Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се парите од првите пола милион евра која ги дала сопругата на на Камчев додека тој се уште бил во притвор. Пари има и во телефонот на Боки 13 ка. Тој е авторот на фотографија на која е сликан ликот на специјалната обвинителка со 50 илади евра кај неа.

 А токму во обвинението таа се товари дека наградата која ја земала се педесет илјади евра и софа набавена од Зона мебел вредна околу 5 илјади евра. КОД дознава дека еден од осомничените во сведочењето тврдел дека дел од парите Јанева навистина ги земала, и обвинителството трага и по друга потврда.

Кај Бојан Јовановски при претресите се пронајдени други вредни предмети. Најмногу облека обувки и накити од повеќе познати дизајнери. Невработен е а сметките му се блокирани, но Боки 13 носел облека со потпис на 40 тина модни дизајнери меѓу кои Диор, Прада, Версаче, Роберто Кавали, Пјер Карден. Накитот кој е запленет е исто така скап од 10 тина брендови. Обвинителството запленило и 13 уметнички слики од кои 4 на Лазар Личеноски, 3 на Мартиноски, и по една од Вангел Ковошач, Димитар Пандилов Аврамовски, Камилов, Ванчо Јаков, Мерсад Бербер и една чиј автор е непознат. Луксузните ресорти во кои одел со парите од Рекетот се Еспланаде во Загреб и хотелот Данаи бич ресорт во Грција.

Обвинителството го затвори случајот Рекет со само тројца обвинети. И покрај најавите дека се истражува и вмешаност на судии и политичари за сега епилог во овој дел нема. За тоа дали ваквото обвинение ќе биде прифатено од кривичниот суд, ќе се одлучва неделава. Втората истрага која е поврзана со името на Бојан Јовановски пак се уште е во тек. Таму меѓу осомничените соработници на Боки 13 во Невладината Меѓународен сојуз осомничена е и единствениот политичар – потпретседателката на собранието Фросина Ременски. Случајот Рекет ги урна надежите во СЈО, и покрај тоа што Катица Јанева првиот човек на обвинителството давајќи си ја својата оставка ги убедувала соработниците, дека се што ќе слушнат во иднина за неа е лага.

Билјана Николовска

Емисијата Код е вечерва во 19:15, веднаш по вестите на Телма. (недела, 20.10.2019)

Во КОД вечерва гледајте како МВР по две години бегство го обезбедила Филип Секуловски-Кобра, осомничениот за убиството на Јанушев и што содржи тајниот список на охридските дивоградби.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Мобинг и еротика во скопско училиште и крвав медицински отпад без одговорност 09.02.2020

https://www.youtube.com/watch?v=TWA_KU9W4BY&fbclid=IwAR1UYXWm9Pms6-hgBd445ZbK2NeLRIHf6CfWnKTqAU0lypbHUWkBdSE3728

КОД: Каков отпад се увезува и гори во Македонија? 26.01.2020

https://www.youtube.com/watch?v=AnzxTOUTObQ

КОД открива дека во УБК имало повеќе припадници со двојни идентитети

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен...

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...