Неофицијално, Лидија Бошковска ќе биде прв амбасадор во Атина

Владата на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори. Неофицијално, Лидија Бошковска ќе биде прв амбасадор во Атина. Таа во моментов е вршител на должноста амбасадор.

Рами Реџепи, ќе биде амбасадор во Рим, Васко Грков во Белград, а Сашко Тодоровски во Стразбур.

Во Тел авив ќе биде испратен Мишо Докмановиќ, во Приштина, Шпреса Јусуфи, во Тирана Данчо Марковски.

За амбасадор во Обединетите нации во Женева е предложена Теута Демјаха, а нов амбасадор во НАТО ќе биде досегашниот советник на премиерот, за надворешна политика Дане Талески.

Листата ќе биде доставена до претседателот на Стево Пендаровски.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ