
Неофит: Со божја помош ќе го поддржиме процесот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА
„Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе го поддржиме процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија“, изјави бугарскиот патријарх Неофит, кој учествуваше на литургија по повод празникот Света Марина, во истоимената црква во Софија.
„Ги сакаме македонските браќа и со нив ќе бидеме радосни и среќни! За многу години! “, рече бугарскиот патријарх Неофит одговарајќи на прашањето на БГНЕС за тоа како БПЦ ќе помогне во решавањето на прашањето со автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.