Ненаплатените пари од Трансмет- пречка барањето на Кочан за одлагање да стаса до Врховен

Кочан чека спас од Врховен но на 6 дена пред датумот кога треба да влезе во затвор од Кривичен не го испратиле предметот во Врховен затоа што се уште не биле наплатени парите од казната за Трансмет.

Минатата недела Кривичен не му дозволи на Кочан летово да го помине дома и ја потврди првичната одлука на судијата, според која на 17 ти месецов треба да се јави во затвор за да одлежи, 4 години и 8 месеци.

Но Кочан, исто како и ексминистерката Јанкуловска,  бара Врховен да му го одложи датумот за затвор. Процедурата е таква што барањето, прво се доставува до основиот суд, кој потоа треба да го препрати до Врховен.

Од Кривчен потврдуваат дека на 19 јуни, двајца негови адвокати доставиле барање за вонредно преиспитување на пресудата Труст но истовремено има и посебно барање , Врховниот суд  да го одложи извршувањето на казната затвор.

Од основиот суд велат дека овие барања заедно со целиот судски предмет ќе ги испратат до највисокиот суд дури откако ќе се биде напалатени парите од фирмата на Кочан Трансмет.

-Судот согласно одредбите од ЗКП најпрво мора да постапи во редовна постапка во сите фази на постапувањето пред да се проследи до надлежниот суд кој одлучува по вонреден правен лек. Предметот е во фаза на извршување на санкциите изречени со правосилната  пресуда на Апелациониот суд Скопје, а која сеуште не е извршна во делот на паричната казна спрема обвинетото правно лице – Трансмет, што е дел од редовното постапување кое како што наведовме погоре има предност пред вонредното постапување, велат од Кривичен.

Според првостепената пресуда Фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ требаше требаше да платат парични казни од по 33 илјади  евра.Од осудените и фирмите треба да се направи конфискација на имот во вредност од 17 милиони евра.

Од Агенцијата за конфискуван имот за Телма потврдија дека почнува процедурата за конфискација на запленетиот имот во случајот Труст. Правниот сектор ја разгледува правосилната пресуда врз основа на која е изречена конфискацијата, објаснуваат од агенцијата.

Според пресудата на Апелација Кочан доби 4 години и 8 месеци затвор а обвинетиот Василие Авировиќ условна казна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ