Ненад Живановски: Самиот си дијагностицирав дека сум заболен

Во моментов, можеби го имам, а можеби и не, вели новинарот Ненад Живановиќ кој живее и работи во Лондон.

Јас, лично се чувсвувам болен веќе шести ден. Од што – не знам. Според алгоритмот на сајтот на НХС (Натионал хеалтх сервице – нешто како нашиот Фонд за здравствено осигурување), најверојатно ИМАМ Ковид19. На поставените прашања дадов одговор, при што резултатот покажува дека сум веројатно позитивен. Но, ова не е релевантно, вели тој.

Вели во Британија единствениот пат да стигнете до тестирање е да се јавите на 111 и да добиете инструкции.

Пред пет дена се јавив, но одговорот им беше дека екипи по домови не праќаат, освен ако не сте над 65 години стар, или повеќе од два дена имате температура над 40 степени и се борите за воздух, т.е. тешко дишете. Според 111 можете и самоиницијативно да се тестирате, но треба да отидете во лабораторија. Како да отидете, кога ве советуваат да останете во самоизолација, вели Живановски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ