Немаме решение за опсегот и името за меѓународна употреба

Во преговарачкиот процес со Грција, постигнат е напредок во најголемиот дел од спорните седум точки, изјави премиерот Заев на отворениот брифинг со новинарите. Попрецизно – нема договор за опсегот и за меѓународната употреба на името, но и она што е договорено е условно и ќе важи само ако има конечен договор.

Грција бара од нас уставни промени и ерга омнес примена на името, но Македонија е на позиција дека договореното име треба да биде само за надворешна употреба, бидејќи домашната употреба нема никакво влијание врз нашиот сосед, рече Заев. Посочува дека преговарачите имаат разбирање за нашите идентитетски чувства.

За да не го отежне преговарачкиот процес, Заев не сакаше да говори ништо околу можноста за преведување или непреведување на името.Во однос на темата иредентизам, премиерот објаснува дека треба да се најдат формулации со кои ние ќе покажеме дека немаме територијални претензии ниту имаме намера да ја повредиме границата кон Грција. За опцијата референдум вели дека се уште е рано.

Министерот Бујар Османи вели дека ДУИ предупредува на одредени ризици што ги носи референдумот. Еден од нив е и Грција да организира референдум, а има и други.

Ако бидеме доволно внимателни, ќе дојдеме до решение, вели Заев. Ако до јуни не постигнеме договор, по неколку месеци ќе продолжиме да преговараме со Грција за истите прашања.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ