Нема возач за комбето со рампа за децата со посебни потреби во Штип

Комбето со рампа за децата со посебни потреби веќе трети месец стои паркирано во кругот на штипската подружница на Македонија пат.

Родителите минатата година со помош на донации успееја да го обезбедат ова возило, кое го решава проблемот на лицата во инвалидски колички.

Но, родителите велат наместо да е во функција, тоа стои паркирано, оти Центарот за социјални работи нема вработено возач.

Димитар Сарпанов има ќерка, која е во инвалидска количка. Таа е среќна што секој ден го посетува дневниот центар. Но, тој и останатите родители секој ден мора да ги креваат и да ги внесуваат своите деца во такси или во сопствените возила, а истата мака ја имаат и вработените во дневниот центар.

Директорот на штипскиот Центар за социјални работи, Станко Димитров за Телма вели дека проблемот ќе се реши по изборите.

Ова е период кога не може да има нови вработувања, но по завршување на претседателските избори, проблемот ќе се реши и ќе биде вработен возач на комбето, вели Станко Димитров

Ова комбе чини 13.000 евра, родителите од Здружението Сплотени срца во најголем дел го обезбедија по пат на донации од фирми и граѓани, а Општина Штип донираше 3.000 евра.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ