Нема усогласеност за предвремена ратификација на Протоколот за НАТО

Предлогот-законот на Владата за предвремена ратификација на протоколот за НАТО не наиде на целосно одобрување во владеачката коалиција, а опозицијата воздржана во одговорот дали ќе му даде зелено светло.

И додека се чека усогласување на партиите кога да се ратификува Протоколот, станува се поизвесно дека е можно без усвојување на измените на Законот за одбрана, со кои земјава ќе го инкорпорира во своето законодавство Протоколот пет на НАТО за колективна одбрана, Македонија сама да си го попречи полноправното членство во Алијансата. На Законот за одбрана се противи опозицијата поради името на Армијата.

За тоа пак што треба земјава да направи за суштински да стане членка на НАТО, од дебатата посветена за чекори по пристапувањето во НАТО на политичките чинители им беа уакажани неколку работи, меѓу кои и тоа дека декларативното треба да се замени со вистинско НАТО-изирање на земјава.

Богојески побара и структурно прочистување во земјава за да не се доведеме во ситуација во НАТО да пратиме човек кој ќе работи против Алијансата и ќе и нанесе штета на земјава.

За Павле Трајанов пак за новата влада треба приоритет да и биде робусна борба против корупцијата и криминалот бидејќи, а на актуелната и рече дека најмногу потфрлила во реформите во судството.

Без целосно почитување на законите и правото, сметаат, говорниците змејава тешко ќе се движи во рпцесите на НАТО.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ