Нема суштински промени во основното образование – законот сè уште во подготовка

Се уште не се знае дали во учебната година што следува оновниците ќе ги обработуваат изгубените часови во саботна, да ќе имаат ист број на часови и да учат од истите учебници како и до сега. Но, програмата за музичко образование денеска беше презентирана и најавено е печатење на нови учебници по овој предмет.

Неизвесно е дали од септември основците и нивните наставници ќе работата според највените реформирани програми. Долго најавуваниот Законот за основно образование не само што не е усвоен, туку сè уште се подготвува. Според првиот човек на Министерството за образование и наука важно е да законот да биде квалитетен, а не кога ќе се донесе.

Министерство за образование и наука пред една година подготви Предог Законот за основно образование. Во програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2018 година еден од главните приоритети беа реформите во образованието, но, измени на законот за основно образование нема.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ