
Нема социјален стан за Душанка Соколовска од село Цера
Сама, без деца, сопругот и починал, а таа веќе неколку години лута од куќа на куќа. 69 годишната Душанка Соколовска од селото Цера во Македонска Каменица нема свој дом, ниту пак имот. Со сопругот имале скромен живот, но откако тој починал таа е социјален случај, со приход од само 4.000 денари и без покрив над главата. Душанка вели дека сега е товар на сестра и од Делчево, каде што во моментов живее во една соба. Нејзин е само креветот, на којшто спие.
69- годишната Соколовска мора наскоро да се исели од оваа соба, единствена надеж и останува да се смести во еден од становите во социјалната зграда во Македонска Каменица.
Доставила барање до Јавното претријатие за стабен и деловен простор во Кочани, коешто е надлежно за социјалната зграда во рударскиот град Македонска Каменица, отаму во одговорот се вели дека винамтелно го разгледале нејзиното барање.
- Доделувањето на станови за потешко загрозени социјални и други лица без оглас може да го изврши Комисија за станбени прашања при Влада на Република Северна Македонија, само ако евентуарлно на територија на општината од каде е лицето има слободни станови. Ве информираме дека Комисијата за распределба на станови на сите станари од социјалната зграда им ги продолжи договорите, така што во моментот во социјалната зграда во Македонска Каменица нема слободни станови, известија од АД за изградба и стопансиување со станбен и деловен простор.
Но, станарите и жителите на Македонска Каменица, кои не сакаат да говорат пред камерата велат дека еден од становите е празен, бидејќи станарот починал, а во зградата има и три станови на печалбари во Италија, Германија и Австрија, кои ги држат становите под клуч и во нив доаѓаат само по една или две недели во годината, а и одамна не се социјални слуачи. Бараат надлежните инспекции и комисии да излезат на терен со цел да ја видат фактичката состојба, бидејќи има семејства и социјални случаи како што е Душанка Соколовска кои немаат кров над главата.
Викторија Јованова