
Нема притвор за тројцата прво осомничени за новата истрага на СЈО – „Поштенска Банка“
Нема притов за тројцата првоосомничени во новата истрага на СЈО за „Поштенска банка“. Судот во претходна постапка одреди мерки на претпазливост за тројцата прво осмничени за случајот Поштенска Банка за кој утрово СЈО извести дека е отворена истрага. На Коле Смилевски поранешен генерален директор на Поштенска банка му е одземен пасошот и треба еднаш неделно да се јуавува во Судот, а на Томе Главчев сопственик на „Ноел експорт иморт“, и Ратко Димитровски сопственик на печатницата „Европа 92“ еднаш неделно да се јавуваат во суд. СЈО бараше притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоците. СЈО најави жалба на одлуката.
Според адвокатите одлуката на судот објективно ги согледал работите и донел валидна одлука која ќе остане и после жалбата од СЈО. Еден од адвокатите на одбраната смета дека во делата кои се постари за некои од делата има и затсареност. дејствијата има има и застареност на дејствијата за некои од делата.
Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
За злоупотреба на службената должност СЈО ги осомничи и екс-премиерот Љубчо Георгиевски и тогашниот вицепремиер Маријан Ѓорчев, како и Никола Груевски кој во владата на Георгиевски беше министер за финансии, но делото за нив е застарено и не можат кривично да се гонат. Љубчо Георгиевски на својот Фејсбук профил напиша дека нема ништо со приватизацијата на Поштенска банка, а Груевски исто така преку пост на својот профил напиша дека како министер немал ингеренции да учествува ниту пак лично ги познавал луѓето .
.