Нема присилна наплата на данок на имот

Редици граѓани кои не го почитуваат безбедното растојание е првата слика која можеше се забележи пред Барака 16 при Град Скопје во раните утрински часови. Дел беа вознемирени бидејќи добиле сметка за данок на имот со предупредување доколку не ги платат ќе бидат наплатени преку извршители.  Градоначалникот Шилегов смирува Градот нема присилно да ги извршува наплатите, Владата донесе одлука за мораториум на извршителите додека трае кризата. Шилегов вели граѓаните мора да ги платат сметките, би било добро тоа да го прават електронски, но доколку дојдат да ги почитуваат правилата за растојание.

„Град Скопје, системот на град Скопје исфрла околу 170. 000 решенија за данокот на имот. И тие како такви беа испорачани до Македонски пошти за испорака на граѓаните пред појавата на пандемијата  и настанување на вонредните околности. Во секој случај за да ја одржиме ваквата солвентност дел од обврските граѓаните ќе мора да ги избршуваат,“ рече Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје

Град Скопје ја намалува комуналната такса, фирмарината за одредени стопански субјекти  и овозможува плаќање на комуналиите за градба на 18 рати, се економските мерки кои ќе бидат преземени поради вонредната состојба, соопшти Шилегов.

„Ја спуштаме комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон) за цела 2020 година; ја намалуваме фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020 (што исто така е законски минимум. комуналите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати (ова се однесува за градби со комуналии чиј износ надминува 1 милион евра). Комуналиите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на досегашните 12 рати во случај комуналиите да изнесуваат на 1 милион евра,“ порача Шилегов

Град Скопје го откажа и кредитот за изградбата на новиот Луна Парк и подига нов кредит на иста вредност за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура. Шилегов се надева дека наскоро Советот на градот ќе го усвои ребалансот на буџетот за успешно да бидат спроведени претходно наведените мерки. Денешната седница на Советот на Град Скопје се одржа за прв пат на отворено имајќи ги предвид препораките на надлежните институции.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ