Нема преговори за СЈО

Нема преговори, нема средби на работните групи за законот за јавно обвинителство. Опозициската ВМРО ДПМНЕ не отстапува од барањето на чело на СЈО да застане нов обвинител со највисока оценка како и да запрат постапките за обиненијата кои се поднесени по 30 јуни 2017 година. Од министертсвото за правда велат дека нема најава за нов состанок.

Наспроти нив спевијалната обвинителка Катица Јанева е убедена дека во најкус можен рок ќе се донесе законот со кој ќе се регулира статусот на СЈО. Го оспорува учеството во преговарачкиот процес на  Антонио Милошоски.

Милошоски преку Tвитер и возврати на Јанева:

„Мојот скромен коментар би бил, со толку висока плата ќе беше полезно и за неа и за јавноста да прочита некоја добра книга за да го збогати својот вокабулар, ако веќе е касно да се поправи нискиот просек од правниот факултет!“

Милошоски вели дека има многу подобри и поквалитени кадри кои може да ја заменат Јанева а со кои ќе се подобри работата на обвинителството.Очекуваат да се прифатат дел од поднесените 65 амандмани. Нема да дозволат незаконски истраги надвор од законскиот рок.Само на тој начин, вели Милошоски може да се најде заедничко решение.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ