
Нема предвремени парламентарни избори, партиите влегуваат во претседателска трка
СДСМ го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. Извршниот одбор на партијата доцна синоќа пресече да се посвети на реформските и стратешки приоритети и да се органзираат фер претседателски избори. Во текот на неделава ќе отпочнат преговори со ДУИ но и со вонпарламентарните партии околу наоѓање заеднички консензуален кандидат за претседател.
ДУИ се оптимисти дека партиите ќе постигнат согласност за консензуален претседател.
ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија Зоран Заев и СДСМ дека бегаат од избори затоа што биле во страв и хаос да се соочат со вистината на сопствениот неуспех.
Неодржувањето на предвремени парламентарни избори нема да биде пречка за ВМРО-ДПМНЕ да учествува на претседателските избори. 9-те канидати веќе ги претставуваат своите програми по општинските комитети а изборот ќе финишра со Конвенцијата во Струга на 16 февруари.
Јулијана Пешевска