
Нема предлог за уставни амандмани, се бара двотретинско мнозинство
Во Mинистерството за правда нема предлог за уставните измени затоа што се уште е неизвесно дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство или пак ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Министерката Ренеата Тренеска Дескоска смета дека обврската за изработка на измените најверојатно би требало да ја преземат преговарачите затоа што тие најдобро ги знаат деталите од преговорите.
Во моментов интенцијата е да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, а предвремени парламентарни избори се втора алтернатива.
Во Советот за бебедност на ОН нема да се дискутира ниту да се одлучува за прашањето за Договорот од Преспа. Владиниот портпарол Бошњаковски информираше дека откако ќе завршат процесите на имплементација на договорот, уставните измени и ратификација во Грција, двете или едната страна ќе испратат информација до генералниот секретар на ОН кој само ќе констатира дека е постагнат договор со взаемна согласнот и прашањето е затворено.
И академската јавност предупредува дека време за чекање нема и дека одлуките треба да се носат во Собранието.
Вонредни избори нема да донесат бенефит, туку напротив ќе се изгуби време и ќе се одолговлече целиот процес околу имплементација на договорот, оценува Камбовски.
Јулијана Пешевска