Нема повеќе автобус на релација Скопје–Солун

Од викендов  „Македонија сообраќај” повеќе не продава билети за Солун, а тоа  не го прави ниту нивниот партнер, грчката транспортна компанија „Симеонидистурс”. Редовната автобуска линија Скопје-Солун-Скопје, ќе биде во прекин се додека Министерството за транспорт и врски или Управниот суд не одлучат поинаку.

Всушност, линијата е укината пред повеќе од две години, откако од компанијата одлучиле, автобусите да не влегуваат во Велес, затоа што патниците оттаму биле ретки. Но, од станицата реагирале до Министерството за транспорт и врски, со барање, на превозникот да му се одземе лиценцата, што и се случило. Следат две ипол години на тужби, а последната е до Управниот суд, од каде се уште не се изјасниле. Во меѓувреме, превозникот си возел на линијата, се додека последниот месец не зачестиле инспекции, по што одлучил да го прекине превозот.

Ова, пак, вели В’чков, остава простор за дивите превозници, да ги преземат патниците.  Тие, пак, за одлуката дознале доцна синоќа, кога требало да се вратат од Солун во Македонија.

„Македонија сообраќај“ организираше редовен превоз за Солун и назад, двапати дневно, повеќе од 15 години.  Додека проблемот не добие судска разрешница или Министерството не најде привремено решение, никој не смее да вози секојдневно од Скопје за Солун. Дозволите за редовна автобуска линија се издаваат еднаш годишно и тоа на почетокот на мај.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ