Нема потврда за активирање на оставката на Јанева

Ниту СЈО ниту Советот на обвинители не добиле никакво писмо од Јанева, со кое се активира оставката на специјалната оставка.

Некои медиуми објавија дека Јанева со ново писмо од затвор го извести Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која ја поднесе на 15 јули, на денот на апсењето на Бојан Јовановски. Оставката, наводно напишана рачно, доаѓа во ист ден кога собраниската комисија за избори и именувања предложи таа да биде разрешена.

На денот на апсењето на Боки 13, Јанева поднесе условна оставка во која најави дека ќе се повлече веднаш штом ќе биде избран нов специјален обвинител и кога партиите ќе се договорат за Законот за обвинителство.

Од Кривичениот суд  ниту потврдуваат ниту демантираат дека има писмо од ЈАнева со кое се активира нејзината оставка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ