
Нема поместувања за законот за СЈО
Извештајот на ЕК излезе закон за ЈО се уште не е донесен а владата постави нов рок. Статусот на СЈО да се реши барем пред да се донесе одлука за отпочнување на преговори со ЕУ. И без решен статус на СЈО, Министерката за правда Десковска препладнево очекуваше највисока оценка од Брисел во делот на правосудството.
Формална и неформална комуникација мегу преговарачките тимови на власта и опозицијата постои но напредок нема, потврдува Десковска.
- Нашите позиции се принципиелни. Одредби кои нема да значат целосно воспоставуање на правдата нема да дозволиме да бидат ставени во Законот. Се прават напори за преиспитување на ставовите на сите пратеници во прарламентот околу нивната искрена заложба за поддршка на евроинтегративните процеси, но и за поддршка на владеење на право и правда. Кај сите нив стои одговорноста дали ќе поддржат принципиелни решенија од кои нема да отстапиме или нема да го дадат својот глас, ќе ги блокираат перспективите на нашата земја, рече Дескоска.
Од опозицискиот преговарачки блок топката ја префрлаат кај власта.
- Министерката Десковска се уште се нема произнесено по 65 те амандмани што ги поднесовме и додека не одговори не може да продолжиме. Ако ги прифати нашите амандмани законот ќе се донесе, но сите 65 без искучок, соопшти Тони Менкиновски, шеф на работната група на ВМРО-ДПМНЕ.
Партиските преговори за овој зкаон траат со месеци а правните експерти алармираат дека на овој начин со политички договори не треба да се носат сериозни закони
Елена Ивановска Мукоска