Нема план „Б“ за црвените линии на соседите

Договорите со Бугарија и Грција даваат гаранции за нашиот идентитет. Нивната реализација треба да продолжи врз база на пријателство и врз база на заедничкиот интерес – Северна Македонија да стане дел од НАТО и од ЕУ. Вака премиерот Заев одговори на прашањата од опозицијата за застојот во разговорите во комисиите за историски прашања, особено по заканите од Бугарија дека во секој момент може да ги блокира нашите интеграции.

Заев, кој рече дека редовно конкатктира со нашите членови во мешовитите комисии, вели дека треба да се разговара со аргументи, со што се согласи и Манаскова..

Комисијата со Бугарија веќе затвори неколку прашања и следат нови состаноци за едно од најпроблематичните – делото на Гоце Делчев. Во работата на комисијата со Грција нема некој значаен напредок, информираше Заев.

Соња Николовска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ