
Нема новозаболени со бактеријата МРСА
Нема пријави за новоинфицирани, ниту заболени лица со бактеријата МРСА во градинката во Чаир, ниту во основното училиште во Бутел каде истата бактерија беше пронајдена кај четири лица, две деца и двајца возрасни, смируваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје . Важно е да се напмене дека станува збор за бактерија која не е смртоносна и не треба се манипулира со такви информации во јавноста, вели доктор Караџовски.
Оваа бактерија се среќава во последно време многу често. Второ за да стане смртоносна треба да се исполнети повеќе услови на лица со нарушен имунитет, лица кои имаат други тешки заболувања, лица чие претходно заболување може да придонесе за отежнато лекување и подолготрајно лекување. 03:50 -04:03 Опасно би било да се добие МРСА кај бебиња, штотуку новороденчиња , заради фактот дека тие имаат многу осетлива кожа и ако имаат ткви промени може доведе до тешко воспаление на кожата, вели д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе ги направи сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката и не постои простор за паника, смируваат и од Владата.
Спроведена е дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на било каква бактерија. Потенцирам не постои потреба од затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Бактеријата МРСА бара посебен третман затоа што нејзината вирулентност е голема и бара изолација.
Значи секое лице кое што е инфицирано со оваа бактерија мора да се изолира од колективот, во наши услови тоа е здравствена институција, изолација од болничка соба, каде што не може да дојде во контакт со други лица, друо во училиште или во градинки значи дека треба се лекува кај матичен доктор согласно антибиограмот. Лекувањето трае најмалку седум до десет дена и не смее да се прекинува, вели д-р Караџовски.
За граѓаните е важно да знаат дека хигиената, миењето на рацете е важно за да се избегне не само бактеријата МРСА, туку уште многу други бактерии кои можат да предизвикаат интерхоспитална инфекција и вируси. Доколку се појави во болнички услови се констатира дека условите на механичко чистење, дезинфекција и стерилизација не биле на задоволително ниво, додава Караџовски.
Нина Стефанова