
Нема нови заразени од коронавирус, премиерот Спасовки аплерише до граѓаните да ги почитуваат препораките
Со маски на лицата и заштитини ракавици полицајците и цариниците на граничниот премин Табановце ги пречекуваат патниците кои влегуваат во нашата држава. Редовна рутинска контрола за повеќето патници со прашања од каде патуваат а потоа им се делат флаери со препораки како да се заштита од коронавирусот. Процедурата се спроведува за секое возило без разлика дали е од Македонија, Србија или некоја од државите на Европската Унија.
Денеска на Табановце дојдоа премиерот Оливер Спасовски и министерот Венко Филипче за да видат и проверат како функционира системот за превенција.
За премиерот Спасовски императив е граѓаните да се придуржуваат до препораките.
Спасовски кажа дека сеуште се испитуваат наводите за зголемените цени на сртедвста за дезифнеција и заштитини маски и нагласи дека доколку се потврдат ќе има сторги казни бидејќи е недозволиво некој да профитира во време на криза и на штета на граѓаните.
Министерот Филипче соопшти дека тендерот за набавка на средства за дезинфекција е завршен и од утре ќе почне дистрибуцијата во училиштата низ државата со помош на локалната самоупорава. Тој додаде дека сите резултати од спроведените тестови за присуство на коронавирус се потврдени од неазвисна лабораторија во Германија.
Во изминатото деноноќие не се регистрирани нови случаи а според последните информации здравствената состојба на заразената скопјанка која е во изолација на инфективната клиника е стабилна и од ден во ден подобра.
Досега се потврдени 90 илјади случаи на коронавирус во 70 држави во светот, а 90% од нив се во Кина. Најголемото жариште во европа се регионите Ломбардија и Венето во Северна Италија. Официјално во Италија има 1 835 случаи а властите во Рим соопштија дека вчера починале уште 18 лица, со што смртоносниот биланс се зголемил на 52 жртви
Огнен Чанчаревиќ