Нема нови учебници за основците

Основците и по еден месец од стартот на учебната година по македонски , историја и географија наместо од учебнци учат од копирани  материјали кои им  ги подготвуваат наставниците. Оштетените книги не се заменети со нови 5 години.

Пет години наназад, родителите се прашуваат од какви учебници ќе учат нивните деца. Стари, ишкртани, со грешки… Но и до кога нивните деца ќе учат предмети по кои воопшто немаат учебници и мораат да се снаоѓаат.

Од МОН велат дека уште 16 учебници чекаат да бидат испечатени, и пратени до училиштата.

Наставниците и директорите од основни училишта со кои разговараше Телма на основни се пожалија дека ова не е прва година да се доведени во ваква ситуација, но никој не сака јавно да зборува. 

Наставниците велат дека пријавуваат на надлежните ама никој не носи замена за учебниците кои се стари, валкани, па ги виткааат за да не ги оштетат повеќе.  

Од друга страна, родителите кои  знаат дека ако нивното дете оштети учебник или го загуби мораат да платат, ама скоро никој не  сака да плати за учебник кој неговото дете го добило бесплатно.

Од МОН потврдија дека јавната набавка и електронската аукција се завршени и дека оваа недела треба да се потпише одлуката за избор на најповолна понуда и учебниците кои не биле отпечатени во последните пет години ќе бидат готови и дистрибуирани до сите училишта.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ