
Нема нови амнестирани, од 29 барања 15 добија позитивно – 14 негативно мислење од обвинител
Од 29 побарани амнестии обвинителството дало позитивно мислење за 15, 14 мина добиле негативни мислења. Денеска се донесени последните 3 одлуки за позитивно мислење со што сега останува работа на судот да пресече.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по 3 барања. Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги исполнуваат условите согласно Законот за амнестија е дадено во 14 случаи“.
Од судот информираат дека засега нема донесено нови решенија после синоќешната објава на 10 те имиња кои се впишаа на листата амнестирани.
Тоа значи дека од 15 темина кои добија позитивно мислење објавени се имињата на 10 а за петмина се чека дали судот ќе ги одобри. Но, не се знае дали можеби од оние 14-мина за кои обвинителството не се согласува да бидат амнестирани, сепак судот ке има спротивно мислење, што е опција која не е исклучена. Од судот информираат дека кривичниот совет работи на разгледување на предлозите и до вечер можно е да има нови одлуки.
Инаку Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, јохан тарчуловски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски, се оние кои се сигурни дека повеќе нема да им се суди за настаните од крвавиот четврток.
Питроповски и Славевски се во притвор, но се уште не се излезени од затвор бидејќи трае жалбената постапка од три денови. Но, право на жалба имаат само обвинетите па не се очекува тие да се жалат и доколку нивните адвокати го известат судот дека нема да се жалат би можело тие веднаш да излезат од шутка. Инаку од останатите барања од процесите поврзани со инцидентите во Собранието, обвинителството од 37 барања за амнестија за само едно дало позитивно мислење, за останатите 36 е негативно.
Билјана Николовска