
Нема нова вонредна состојба
Нема потреба од нова вонредна состојба, рече претседателот на државата Стево Пендаровски. Бројките на новозаразени никогаш не беа причина за воведување на претходнте вонредни состојби, а мерките можат да се почитуваат и кога нема вонредна состојба, соопшти претседателот. Порача дека на државата и е потребна функционална влада, наместо техничка. Доколку нема избори политичката криза може да стане безбедносна, рече Пендаровски и ги повика лидерите на политичките партии да седнат уште денеска и да договорат датум за избори.