Нема нов тестиран за корона вирус – на граница ќе се проверува група туристи од Сингапур и Јапонија

Нема нови сомнителни случаи на корона вирус во Македонија. Министерот за здравство денеска информираше дека и единствената потврдена заразена со корона вирус на контролниот тетс покажала негативни резултати.

И лицата кои биле во контакт со заболената се во добра здравствена состојба и за нив контролни тестови ќе се прават по карантин од 14 дена.

Филипче информираше дека денска во земјава треба да влезе група од 20-на туристи од Сингапур и од Јапонија кои десетина дела биле во Романија, а каде има неколку случаи заболени со корона вирус. Поради тоа туристите ќе бидат прегледани од епидемиолози на граничниот премин Деве Баир, од каде е најавено дека ќе влезат во земјава. Инаку од вчера попладне сите странци кои доаѓаат во земјава добиваат СМС-порака со информација каде да се јават доколку се посомневаат во симптоми на корона вирус.

Владата денеска ја продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, како и препораката за неодржување на масовни јавни собири и одржување на спортски натпревари без публика до 13 март.

Според Филипче се уште нема потреба од забрана, бидејќи се уште нема локално пренесување на болеста и големите партиски собири на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ идната недела не се спорни за одржување. За настани од меѓународен карактер како што е фудбалски натпревар Македонија – Косово на крајот од март Филипче има поразличен став.

Филипче притоа информираше се следи состојбата со лицата во изолација и дали ќе има нови случаи на заразени и оти во секое време, зависно од промената на состојбата со корна вирусот, можат да донесат друга одлука или препорака.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ