
Нема нов случај со коронавирус – негативни се сите тестирани од вчера
Возачот на комбето со кое дошла жената која има коронавирус не е заразен, покажаа тестовите на Инфективната клиника. Сепак, тој останува во домашна изолација до звршување на периодот на инкубација, кога е можно повторно да биде тестиран. Негативни на коронавирус се и двајцата пациени кои вчера избегаа од карантин во Штипската болница, а кои сега се ставени во домашна изолација во Виница. Негативна на коронавирусот е и жената која утрово се јавила со респираторна инфекција, а која пред три дена се вратила од северна Италија. Заболената со корнавурусот пак се чуствува подобро.
Пациентката која што се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Еве веќе втор ден нема температура, а претпоставувам дека и многу скоро ќе почне да се опоравува, изјавиФилипче.
Филипче информираше дека засега нема македонски граѓани се лекуваат или се ставени во карантин во северна Италија. Преку македонскиот конзул во Венеција властите се информирани и неколку групи на граѓани кои со комбе или со втобус минатите денови се вратиле во земјава.
Не можеме да бидеме сигурни дека сите се најавуваат. Значи имаме најава за одредена бројка на наши државјани кои што доаѓаат од таму, но има и дел од нив кои што доаѓаат без најави и важат овие прашалници и процедури кои што ги вршат граничните полицајци, рече Филипче.
Филипче повторно апелираше сите кои патувале во ризичните региони, доколку почуствуваат симпроми слични на грип или горна респираторна инфекција, да не шетаат по здравствените домови сами.
Треба да се јават на некои од броевите во центитре за јавно здравје. Епидемиолог ќе дојде кај нив во домашни услови со цел да, како што неколку пати известивме, не шетаат по јавно здравствените установи. На инфективните одделенија каде што се јавиле овие луѓе сепак има протокол за пречекување, изјави Филипче
За да се превенира евентулано ширење на коронавирусот владата на предлог на Управувачкиот комитет вчера препорача откажување на сите јавни собири до 6 март, како и поголеми забавни и културно-уметнички манифестации, а спортските натпреварите во тој период да се играат без публика.
Сепак и покрај препораката од владата Агенцијата за млади и спорт не го откажа денешниот спортскиот настан на кој 35 ученици од 11 основни училишта од Скопје, Тетово и Велес одржаа заеднички фудбалски тренинг, но од владата информираат дека настанот се одржал без публика.
Тамара Грнчароска