Вести Нема нереално поскапување на цените во аптеките
Поскапувањето на цените во аптеките се должи на зголемената набавна цена на производите. Ова го констатирал вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) извршен во 17 апетеки во периодот од 16 до 18 март. Во истиот период Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вкупно 79 надзори на превозници и констатирано е дека тие одржуваат високо ниво на хигиена, согласно обврската која им беше доделена.
Државниот пазарен инспекторат пак извршил вкупно 8.200 надзори во тој период период и констатира дека нема покачување на цените на производите во маркетите.
Од страна на инспекциските служби се затворени 6 угостителски објекти во Скопје, 3 во Тетово, по 2 во Битола и Гостивар и еден во Куманово.
Во однос на правата од работниот однос, Државниот инспекторат за труд реализирал вкупно 573 контроли во претходните три дена, при што се донесени 5 решенија и 26 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.



