Нема лекови – матичните залудно печатат рецепти

Од аптека до аптека, од населба до населба, пацинетите се впуштија во потрага по лек. Најчесто препишуваната терапија ја снема од аптекарските полици. Матичните лекари деновиве залудно печатат рецепти. Пацинетите гневни се враќаат во нивните ординации по објаснување зошто нивниот лек го нема на товар на фондот. Од аптеките ги дочекуваат со веќе извежбан одговор – квотата заврши, лекот можете да го купите само приватно.

Одговори од Фондот бара и Здружението на приватни лекари. Оттаму алармираат дека во некои градови,  најчесто препишуваните лекови ги нема во ниту една аптека.

Испразнетите аптекарски полици уште на почетокот на месецот станаа пракса. Аптеките што се наоѓаат на пофрекфентни места, веднаш ги трошат залихите што ги покрива Фондот за здравство. Квотите никогаш не беа 100 отсто искористени, но тоа значи дека лекот што го нема во Скопје, го има во Велес, па ако пацинентот сака да го добие на рецепт, треба да оди и таму да го подигне. Во спотивно ќе го плати приватно, или ќе остане без неопходната терапија.

Весна Јованоска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ