Нема лекарски пропусти кај 14-годишното девојче со дијабетес што заврши во кома

Матичниот лекар не потфрлил, а до пртоколите цврсто се држеле и неговите колеги од охридската болница. Според инспекторите на ДСЗИ никој не е виновен што 14-годишно девојче заврши во кома како последица на доцна откриен дијабетес. Од увидот во медицинската документација заклучиле дека сите лекарски посети биле уредно евидентирани. До медицинските протоколи лекарите се држеле и кај останатите три деца, што во една недела со иста дијагноза завршија на клинички. Кусо откако асоцијацијата „Баланс МК“ обвини дека на четирите деца доцна им била дијагностицирана болеста , со исти симптоми во болница завршило уште едно дете од Кичево.

„Целата постапка во однос на во постсвување дијагноза и третман на децата е согласно постапката на медицина базирана на докази. Не станува збор ниту за негрижа од родителите. Посветено е максимално внимание на децата“, изјави д-р Катерина Савриќ, директор на Детска клиника – Скопје.

„Во сите земени документи не се забележани никкви пропусти во однос на остапката на докторите“, потенцира директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова-Бухова.

Дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое ги уништува бета клетките на панкреасот  и преизвикува комлетен недостаток на инсулин. Лекарите објаснуват дека една третина од новодијагностицираните доаѓат во тешка здратсвена состојба, која бара интензивна терапија. Една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата децата пијат повеќе течности од вообичаено, имаат зголемен апетит, но слабеат, и се жалат на болки во стомакот. Бројката новодијагностицирани деца годишно се движи од 32 до 39.

Весна Дојчиновска Јовановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ