Нема конечна завршница за злоупотребите на хидросистемот Ѓавато

Втора инспекција на државниот инспекторат за животна средина во хидросистемот Ѓавато. Состојбата не е променета, стои во извештајот на водостопанскиот инспектор кој пред еден месец повторно го посетил Богданци и утврдил дека ниту раководителот, ниту министерството ниту Владата не постапиле по забелешките.

Инспекторатот наложи Министерството за животна средина да издаде дозвола за зафаќање води од бунарското подрачје согласно член 28 од закон за води и воедно да се предаде на управување на правно лице кое е основано за дејност водоснабдување и наводнување  или производство на електрична енергија.

Од  животна средина пак, не одговорија зошто не издале дозвола за зафаќање на води од бунарското подорачје на Ѓавато. Но, затоа вината за управувањето со системот ја префрлија кај Владата. Ја известиле дека е потребно да се предаде системот на друг управител, но таа точка требало да се најде на дневен ред на седниците на Влада а повеќе од три месеци тоа не е сторено.

Инспекторатот за животна средина вели за да се спречи финансискиот колапс на Ѓавато, потребно е да се откријат дивите приклучоци, водата што се испумпува од десетте пумпи рамномерно да се подели на корисниците а остатокот што оди во хидроелектраната Топлец наместо да се влива во Дојранското Езеро кое е преполно и нема потреба од таа количина вода, да се пренасочи на комуналното претпријатие на општина Дојран.

Скандалите со хидросистемот Ѓавато се отркија уште во емсец јули, кога вработените проговорија за башибозукот во системот. Оттогаш случајот стана предмет и на кривичан истрага. Но никој од надлежните во овие четири месеци не се обидел да стави крај на незаконскотот и ендомаќинско работење на системот.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ