Нема кој да им помогне на лицата со зависности

Младите дипломирани стручни кадри како социјални работници, психолози, па и лекари немаат познавања за работа со лица со зависности. Моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалувањето на штети, психосоцијалната поддршка и човековите права на корисниците на дроги се области во кои студентите и дипломците имаат многу мали или немаат воопшто познавања. Од грѓанската организација ХОПС велат дека со години организираат школи за да создадат кадар подготвен да се соочи со овие предизвици.   

Според Деков проблемот е во наставните програми на факултетите. Во своите обуки ги вклучувале и универзитетските професори со цел да им посочат какви се потребите во општеството и да се направи промена на студиските програми.

Соочени со недостаток на млад и стручен кадар, оваа организација досега организирала седум стручни школи за работа со зависности и преку нив обучиле стотина млади лица.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ