Нема договор за МВР меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, предлогот на опозицијата бил спротивен на Уставот

Полковникот во АРМ Драган Ковачки е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влад, но за СДСМ предлогот е спротивен на Уставот. Заев по средбата со Мицкоски за утврдување на името на првиот човек на полицијата до изборите рече дека поставување на воено лице на чело на МВР е спротивно на Уставот, како и на Законот за внатрешни работи и Законот за служба во Армијата.

Проблемот е што имаме воено лице дадено, каде што Уставот дефинитивно јасно определува дека со Армијата и со полицијата раководи цивилно лице кое што бил цивилно лице најмалку три години. Значи може и минато да има како воени лоце кандидат, но барем последните три години да биде цивилно лице,

рече Заев.

За лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кого Мицкоски прво денеска разговараше за името на идниот министер за внатрешни работи, предлогот е прифатлив.

Ги слушнав неговите информации внимателно, при што тој направи предлог за министер за внатрешни работи. Впечаток ми остави дека кандидатот што го избрале е кандидат со многу богата биографија. Според мое мислење ако се усогласат и со Социјалдемократскиот сојуз тоа би бил еден кандидат со едно ново искуство, кое што според мое мислење би било добро за Министерството за внатрешни работи, но и за редот и мирот,

изјави Ахмети.

Заев пак остави простор деновиве да се направат консултации со стручната јавност, но и со опозицијата околу предлогот, за која се надева дека има и друг кандидат за министер за внатрешни работи и не очекува одложување на изборот на техничката влада. 

Јас верувамд ека не е тоа единствен кандидат ако не се усогласиме, може ќе се усогласиме. Така да ако нема некои дилеми околу ова прашање кое што за жал во моменто постојат за сите,  

рече Заев.

Но како ќе се усогласите ако во законот и Уставот влеите дека е јасно оти три години мора да биде цивилно лице?

беше запрашан премиерот.

Не можам да коментирам, бидејќи ако кажам да даде друго име тоа ќе значи дека одбиваме. Веројатно ќе се слушнеме ќе разгледаме други опции, други кандидати,

одговоро тој.

Дали ова значи пролонгирање на техничката влада?

Не, не би требало да дозволиме. Техничката влада е на трети, се менуваат само неколку позиции. Имаме доволно време. Тука сме и во недела утре, понеделник, вторник,  први, втори и на трети сабајле. Таман работа,

рече Заев.

Мицкоски кој околу кадровските решенија за техничката влада денеска одржа одделни средби со Ахмети и Заев не сакаше да ги каже предлозите пред тие да бидат исконсултрирани со СДСМ.

Иако според Пржинскиот договор не е предвидено и за предлозите за министер за труд и соцоијала, како и за дополнителните министри за финансии, замјоделие и за администрација партиите да се усогласуваат, како што е случајот за предлогот за МВР, ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе почека до понеделник пред да ги објави имињата.

Сакавме најпрвин да видиме каков профил на имиња очекуваат за да немаме повторно игри од типот тргни – застани, па одбивање, прифаќање – неприфаќање. Иако нема законски пропишано д анема консултација, но она што не е забрането со закон е дозволено. Затоа сакавме вака во прво лице, да го слушнеме профилот кој што го очекуваат. Ние имаме неколку имиња кои што в понеделник ќе и бидат соопштени на македонската јавност,

изјави Мицкоски.

Мицкоски со Заев разговарале и за една менување на изборниот модел. Предлогот на СДСМ бил Изборниот закон за една изборна единица да биде сменет до распуштање на Собранието, но да важи од следните избори, како и отворени листи за следните локални избори. Одговорот на Мицкоски е дека веднаш по изборите власта и опозицијата ќе седнат и ќе разговараат за ова прашање и дека на овие избори дефинитивно ќе се оди со стариот изборен модел. И Ахмети е за менување на изборниот модел по изборите велејќи дека пред избори е непристојно време за такво нешто.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ